Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се очекува одлуката за распуштање на германскиот парламент

/

пред 662 дена

Сподели преку :

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска се очекува да ја соопшти својата одлука дали ќе го распушти Долниот дом на германскиот парламент, со што ќе се отвори патот за предвремени парламентарни избори во февруари.

Се верува дека претседателот ќе го исполни барањето на канцеларот Олаф Шолц за распуштање на Бундестагот. Со распуштањето на Долниот дом, претседателот ќе одреди датум за избори, а се очекува тоа да биде 23ти февруари.

Овој датум беше прифатлива за парламентарните лидери на социјалдемократите на Шолц и конзервативната Христијанско-демократска унија. На Шолц му беше изгласана недоверба во Бундестагот на 16ти декември, откако минатиот месец се распадна коалицијата на Социјалдемократите, Зелените и Слободната демократска партија.