Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се очекува помош преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, вчера регистрирани 28 пожари

/

пред 808 дена

Сподели преку :

Вкупно 28 пожари на отворено го одбележаа изминатиот ден. Најсериозно е во Старо Нагоричане, Кратово, Македонски Брод и Свети Николе.

На помош се очекуваат уште шест хеликоптери и четири ер трактори кои се дел од Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, ја оценува ситуацијата како сериозна и апелира граѓаните да не учествуваат во гаснењето, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири.

Во текот на вчерашниот ден, според информациите на ЦУК, имало 28 пожари на отворено.

Синоќа беше локализиран и големиот пожар кој пред два дена избувна над пехчевското село Негрево.

Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, а пожарот се закануваше да го зафати и градот Пехчево, вели Ангелов.