Родителите на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани денеска го одржаа 28-иот „Марш на ангелите“, барајќи правдата и вистината за овој случај да излезат на виделина.
Судскиот процес за пожарот „Пулс“ во Кочани ќе почне на 19-ти ноември. Страотната трагедија во Кочани однесе 63 млади животи а беа повредени над 200 лица.











