Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се повеќе деца со прекумерна тежина во Македонија

/

пред 220 дена

Сподели преку :

Дури 31% од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина, а 14% од нив се со прекумерна, покажува студијата на Европската иницијатива за следење на дебелината кај децата. Истражувањето опфатило деца на возраст од 6 до 9 години.

Консумација на нездрава исхрана и сокови, мал внес на овошје и зеленчук, како и долгото време поминато пред екрани се причини за високата стапка на дебелина.

Националното здружение за дебелина, алармира дека прекумерната тежина е сериозен проблем кај целото население. Најтешкиот возрасен човек во земјава има речиси 200 килограми.

  • „Во моментов имаме со условен буџет за пациенти кои се со класа два и три. За таа група на пациенти има фармакотерпија и исто така оние пациенти кои се со класа три на Клиниката за абдоминална хирургија за 30 пациенти со условен буџет за извршување на бајпас хирургија“- Ирфан Ахмети, претседателот на Националното здружение за дебелина.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, нагласува дека лековите и хирургијата треба да бидат последна опција, а клучот е во промената на животните навики. Тој предлага во пијалаците и брзата храна да има помалку шеќери и калории или пак да се зголеми цената на овие производи.

  • „Треба да биде третманот со лекови или со операција она крајно решение за оние кои имаат заболувања за да им се олесни состојбата. Не може да јадеме колку сакаме и после да пиеме таблети и да биде во ред“ – Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Според светските податоци, над една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина, што го прави проблемот глобален предизвик.

Тамара Марковска

Б.С.