Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сè повеќе работа за пожарникарите, во услови со недостаток на човечки ресурси и опрема која ја добиваат од донации

/

пред 628 дена

Сподели преку :

Сè повеќе работа за пожарникарите, во услови со недостаток на човечки ресурси и опрема која ја добиваат од донации. Вработените во тетовската Територијална противпожарна единица лани имале рекордни 984 интервенции на терен. Тие се дежурни спасители не само во пожари, туку и во сообраќајки, поплави и други несреќи.

Според прописите, недостасуваат уште 50-тина пожарникари, зашто покрај Тетово ги покриваат и 5-те околни рурални општини. Им треба и подмладок затоа што просечната возраст е 47 години.

„И покрај сите предизвици успешно работиме“, вели командирот Авни Амети.

„Отворивме станица и во општина Желино, имаме планови да отвориме уште две станици за да ја покриеме целосно територијата и секогаш сум зборувал дека на тетовските пожарникари им недостасува човечки ресурси тука потребни се уште 55 пожарникари за целосно да бидеме покриени како бројка и територијата која ја покриваме. Моментално имаме 100 вработени, некои и со договори, некои нови кадри сакаме да создадеме тим за во иднина да имаме добри пожарникари во Тетово“ изјави Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Амети потенцира дека пожарникарите треба да бидат во прв план на државата, затоа што нивната работа е да спасуваат човечки животи и имоти, но притоа тие се изложени на разни ризици по нивното здравје и безбедност.

  • „Не знаеш што се пали внатре, дали е некоја хемикалија и некоја друга супстанца и ние го дишеме тоа. Колку се загрозени пожарникарите според една лекарска статистика, пожарникарите се 442 проценти повеќе загрозени од канцер во споредба со народот што нормално живее“ изјави Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

За унапредувањето на физичката кондиција на тетовските пожарникари, Амети информираше дека опремиле вежбалница во просториите на станицата, а имаат можност бесплатно да го користат затворениот базен во градот.

Данијела Билбилоска