Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се претвора ли Македонија во Град – држава? – Сите матични лекари сакаат да работат во Скопје

/

пред 409 дена

Сподели преку :

Недостиг на јасна државна стратегија е главната причина поради која се соочуваме со недостиг на матични лекари и воопшто млад кадар кој ќе одлучи во иднина да остане во помалите градови, вели претседателката на Здружението на приватни лекари Лилија Чолакова Дервишова. Доколку знаеме дека здравството е темел на државата со кои проблеми се уште не се изборивме и 34 години независност.

Прашање: Вие во континуитет алармирате за недостиг на матични лекари. Кога би требало да го лоцирате проблемот каде го гледате ?

Честа промена на министри, честа промена на дирректори, советници, во Фонд. Знаете како им треба време да се прилагодат, разни советници кои запишуваат во тефтерчиња, па тие тефтерчиња потоа исчезнуваат., затоа што доаѓа друг совертник. Мора да има национална стратегија. Значи кога го велиме ова мора да постои ресор во Министерство за здравство кој би бил во линк со факултетите и за се што сум кажала ние сме дошле до таа ситуација кога реков луѓе ќе останеме без специјалисти и ќе имаме празни болници. Значи мора за системски проблем да постои системско решение. Мора да има стратегија. Не може сите дојди од Велес, запиши се на специјализација остани во Скопје. Тоа е трошење на народни пари, тоа се пари на наши осигуреници од цела Македонија. Ние не може да го оставиме Дебар без подмладок , да го оставиме Ресен со само три доктори. Мора да има грижа за овие пациенти, за овој народ, вели Чолакова Дервишова.

Прашање: И кога велите недостиг на стратегија, Вие честопати алармирате и за недостиг на медицински сестри

Нас ни требаат обучени сестри кои ќе ги знаат доминантните програми во нашите ординации, бидејќи фреквенцијата е огромна, додава Чолакова Дервишова.