Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се продлабочува политичката криза по оставката на францускиот премиер Лекорну

/

пред 374 дена

Сподели преку :

Оставката на францускиот премиер Себастиен Лекорну ја продлабочи политичката нестабилност во земјата и предизвика бурни реакции во парламентот.

Пратеници од сите политички струи повикаа претседателот Емануел Макрон да го распушти парламентот и да распише нови парламентарни избори.

Политичката рамнотежа во Франција е нарушена уште од минатата година, кога предвремените избори доведоа до длабоко поделен Национален парламент, без јасно мнозинство.

Пратеничката Сандрине Русо го обвини Макрон за „демократска мелодрама“, додека левичарот Бенжамен Лукас рече дека најдемократско решение би било претседателот да ѝ даде можност на левицата да формира влада и да прифати „вистинска кохабитација“.

Т.Д.