Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се распаѓа ли единството на ЕУ за санкциите против Русија?

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изрази загриженост поради неединството на Европската унија пред самитот на кој ќе се разговара за руското ембарго за нафта и планот за ставање крај на зависноста од руската енергија. Тој ја повика Германија на денешниот самит да настапи единствено, а истото го побара и од земјите-членки на ЕУ.

„Европа е се уште огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, може да ја искористи таа моќ“, рече Хабек .

Лидерите на ЕУ ќе се состанат денеска и утре за да разговараат за новиот пакет санкции против Русија, што предвидува ембарго на руската нафта и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас. Но, за овој пакет санкции во ЕУ нема единство, најмногу се противи Унгарија која бара да биде изземена од оваа одлука.

„Потребно е јавно да донесеме одлука. Имаше разговори во неделата попладне и ќе ги има утрово, како и во текот на денот“, изјави еврокомесарот за надворешна политика Жозеп Борел.

Тој смета дека попладнево ќе им биде понуден договор на шефовите на земјите-членки на ЕУ.