Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се спојуваат Кардиологија и Кардиохирургија во единствен центар

/

пред 224 дена

Сподели преку :

Владата, на предлог на Министерство за здравство, донесе одлука за спојување на Клиника за кардиологија и Државна клиника за кардиохирургија, со цел подобра интеграција и поефикасен третман на пациентите со кардиоваскуларни заболувања.

Со ова се формира единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, што ќе овозможи континуитет во дијагностиката и лекувањето – од превенција до интервентни и хируршки процедури.

Министерот за здравство Азир Алиу посочува дека преку укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура ќе се обезбедат заштеди кои ќе се реинвестираат во модернизација на опремата, подобрување на квалитетот на услугите и едукација на медицинскиот кадар.

Од Министерството информираат дека спојувањето ќе овозможи зголемен број интервенции и подобра искористеност на лабораториските, стерилизациските и операционите капацитети.

Пациентите ќе добиваат целосна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на една установа, со помалку административни пречки и пократко време на чекање. Истовремено, се очекува унапредување на едукативната и научно-истражувачката дејност преку формирање обединет академски центар.