Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се трага по 12 члена на екипажот – турски товарен брод потона во Црното Море

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Турски товарен брод со 12-член екипаж потона во невреме во близина на турскиот брег на Црното Море, изјави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја.

Капетанот на бродот „Кафкаметлер“, што пловел под турско знаме, пријавил дека бродот пловел кон пристаништето кај Ерегли, во северозападната турска провинција Зонгулдак, соопшти претходно канцеларијата на гувернерот на покраината.

Министерот Јерликаја кажа дека бродот потонал по удар во заштитниот ѕид на пристаништето.