Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера се удави во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
– По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за K.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство – изјави портпаролот Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.











