Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се удави 75-годишна македонска државјанка на Халкидики

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Седумдесет и петгодишна македонска државјанка вчера попладне била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики. Веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болницата во Неа Муданија, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извадена без знаци на живот од плажата Созополи, во општина Неа Пропонтида“.

Дополнително информираа дека во рамките на прелиминарната истрагата било наредено да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.

Ова е четврти случај на давење на македонски државјани на грчките плажи за оваа сезона. Во изминатите два месеци животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж во близина на Кавала.