Хеликоптер на армијата на Босна и Херцеговина се урна претпладнево на подрачјето на Јабланичко Езеро, на југот на земјата.
„Хеликоптерот бил со четиричлен екипаж. Според првичните информации, тројца не се повредени, а само еден побарал медицинска помош“, изјави портпаролот на МВР на БиХ при Херцеговачко-неретванскиот кантон.
Хеликоптерот бил ангажиран на генерална проба за планирана вежба со цивилната заштита во Општина Коњиц.
САД донираа четири нови хеликоптери на БиХ од типот Бел во 2021 година со вкуп на вредност од 35 милиони долари. Еден се преврте и претрпе оштетувања во април во 2022 година за време на летечка обука.
Армијата на БиХ „на хартија“ располага со 40 хеликоптери. Најголем дел од нив (35) се од типот Ми-8 кои се произведени пред повеќе од 40 години во поранешниот Советски Сојуз.











