Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се уште нема трага од исчезнатата тинејџерка, полицијата трагаше во текот на целата ноќ

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

И по 24 часа откако беше пријавено исчезнувањето на тинејџерката од Скопје се уште не е пронајдена 14-годишната Вања.

Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а се проверуваа и снимките од безбедносните камери.

Од МВР соопштуваат и дека извршени се информативни разговори со лица блиски на малолетничката. До јавноста се апелира да биде внимателна и да не се шират дезинформации.

Веста за исчезнувањето на малолетното девојче со молба за помош до граѓаните ја објави нејзината мајка на социјалните медиуми, а претходно случајот го пријавила и во полиција откако била известена од класниот раководител дека деветтоодделенката тој ден не се појавила на часови во училиште.

Мајката вели дека утрото пред да излезе од дома Вања била добро расположена и не се сомнева дека девојчето самоволно заминало некаде затоа што како што вели станува збор за мирно и повлечено дете во кое има целосна доверба.

Девојчето вчера било облечено во црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат била видена во скопската населба Дебар Мало на пат кон Песталоци.