Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се водат интензивни преговори за ново примирје – Израел бара од Хамас да предаде дел од заложниците

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Се водат интензивни разговори со посредство на Катар и Египет за можно второ примирје во Газа, јавуваат странските медиуми. Неименувани извори за СиЕнЕн велат дека Израел му понудил на Хамас седумдневна пауза во борбите во замена за ослободување на околу четириесет заложници кои се уште се во рацете на милитантите на Хамас.

Според локалните медиуми, Израел сака жени и болни мажи да бидат вклучени во договорот. Во замена, Израел ќе ги предаде палестинските затвореници кои се осудени за сериозни престапи.

Хамас претходно соопшти дека ќе ги ослободи заложниците само доколку има траен прекин на огнот. Израел тврди дека војната во Газа ќе заврши само кога Хамас ќе биде отстранет од власт.

Меѓутоа, вчера, израелскиот претседател рече дека неговата земја е „подготвена за уште една хуманитарна пауза“.