Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се враќа ли Меркел во политиката? – поранешната германската канцеларка прифати покана за учеството на Конгрес на ЦДУ на 20 февруари

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се враќа на Конгрес на ЦДУ на 20 февруари, што ќе биде нејзино прво учество во работата на партиското тело по нејзината одлука за повлекување од политичката сцена.

Германските медиуми појаснуваат дека само по себе не е изненадување поранешни лидери на партијата да бидат поканети како посебни гости, но, според нив, изненадување е што Меркел ја прифатила поканата, со оглед на нејзините претходни најави дека излегува од политиката.

„Меркел не ги прифати поканите за сојузните партиски конгреси во 2022 година и во 2024 година. Својата одлука во 2024 година, одговарајќи пред медиумите, ја образложи со зборовите дека тоа е не е во рамки со нејзиниот повеќепати изнесен став, како пред крај на мандатот, така и потоа, дека по повлекувањето од активната политика во принцип не учествува во актуелните политички случувања. Запрашана дали тој нејзин „постмандатен став“ сега е променет, од нејзината канцеларија порачаа „Не, исклучокот го потврдува правилот““, наведува германски Ханделблат.

Засега не е познато дали Меркел ќе се обрати на партискиот Конгрес. По изборот на Фридрих Мерц за претседател на ЦДУ во јануари во 2022 година, таа е на дистанца со партиското раководство, а нејзиниот личен однос со Мерц се смета за нарушен. Под неговото водство, ЦДУ во голема мера се оддалечи од ерата на Меркел, а во пратеничкиот клуб денеска има само неколку приврзаници на поранешната канцеларка.