Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум повредени лица, тројца во критична состојба – пукање во парк во САД

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Седум лица се ранети од кои три се наоѓаат во критична состојба по пукање во парк во предградието на Такома, Вашингтон, соопшти полицијата.

Полициските службеници затекнаа морничава глетка кога одговорија на повиците за истрели од огнено оружје регистрирани во паркот Хари Тод во Лејквуд, соопшти локалната полиција.

Досега никој не е уапсен. Повеќе од 100 луѓе биле во паркот во моментот на пукањето. Најновиот инцидент доаѓа по неколку дена од пукањето во парк во Филаделфија, пришто загинаа две лица, а девет беа ранети.