Доналд Трамп порача дека извлекол поуки од првиот мандат во Белата куќа и сега ќе ги примени, делумно за да избегне, како што вели, „грешки кои ја попречувале неговата способност да управува на посакуваниот начин“.
„Не познавав никој за време на првиот мандат. Не бев личност од Вашингтон. Ретко бев таму“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ минатата недела.
„Сега ги познавам сите. Познавам кој е добар, кој е лош, кој е слаб, кој е глуп. Сите ги познавам. И оваа земја повторно ќе ја направиме голема, мораме да ја спасиме нашата земја“, додаде Трамп.











