Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет присуствуваше на првата христијанска богослужба во Пентагон од почетокот на војната со Иран за време на која се молеше „секој куршум да ја пронајде својата мета“.
„Доликува да се биде овде секој месец“, рече пред насобраните цивилни вработени и воен персонал и додаде:
„Но, уште повеќе доликува овој месец, во овој момент, со оглед на она го прават десетици илјади Американци“, пренесе Асошиејтед прес.
За време на службата која се пренесуваше во живо, Хегсет прочита молитва за која рече дека првпат е изговорена пред војниците кои го уапсија венецуелскиот претседател, Николас Мадуро.
„Секој куршум нека ја пронајде својата мета против непријателот на праведноста и нашата голема нација. Подари им мудрост во секоја одлука, издржливост за искушенијата кои се пред нас, нескршливо единство и силно делување против оние кои не заслужуваат мудрост“, се молеше Хегсет.











