Висината на минималната плата, 500 евра или законските 24.400 денари, е новата тема за препукување меѓу власта и опозицијата но и за поткопување на позициите на Синдикатот. Премиерот Мицкоски вчера кажа дека Владата ќе поддржи било каков договор меѓу работодавачите и синдикатот кој не вклучува субвенционирање на придонеси.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денес без прецизен одговор дали државата пресметала колку би изнесувале субвенциите, но и за тоа дали евентуалните раст на минималецот би предизвикал раст на инфлацијата како што тврдат некои членови на нејзината матична партија, и што е различно меѓу шесте илјади денари плус на минималецот и петте илјади денари зголемување на пензиите или покачувањето на функционерските плати.
Опозициската СДСМ, која изготви закон за зголемување на минималната плата на 500 евра и го поднесе во Собранието, бара од Владата да обезбеди средства за минималецот и обвини за лоши економски политики.
Коалицискиот партнер во Владата, ЗНАМ соопшти дека нема изграден став и дека се разговара со сите засегнати страни.
Предлогот на ССМ е да има дополнително покачување до 30.500 денари, а за разликата работодавачите да бидат ослободени од повисоки придонеси една година или да бидат субвенционирани.
Од Организацијата на работодавачи пред извесно време се изјаснија дека добро е да има субвенционирани придонеси затоа што така бизнисот ќе биде мотивиран да исплаќа повисоки примања.
Огнен Чанчаревиќ











