Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Серија воздушни напади меѓу Русија и Украина

/

пред 1147 дена

Сподели преку :

Во текот на ноќта Русија и Украина изршија серија воздушни напади со беспилотни летала и ракети на противничка територија.

И додека украинските власти тврдат дека успеале да ги урнат сите 44 руски дронови и ракети, длабоко на територијата на Русија беа извршени неколку координирани и ефикасни воздушни напади.

Како и досега, Киев одбива да ги коментира овие напади, но според информациите од Моска биле уништени два товарни воени авиони на аеродромот во Псков, далеку на север и речиси на 1.000 километри од фронтот во Украина.

Покрај тоа, во нападите со беспилотни летала била погодена фабрика за микрочипови во Бријанск, складиште за гориво во Калуга, а биле извршени и воздушни напади врз, засега непотврдени цели во руските региони Орел и Рјазан.

Во меѓувреме, во најсериозниот воздушен напад со беспилотни летала врз Киев, загинале две лица, а повеќе објекти биле оштетени од остатоците на уништените летала и ракети.