Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на првиот крак на Халкидики, се почувствувал и во Гевгелија и Дојран

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер беше регистриран попладнево во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван и во Солун.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Нешто помлаку од четири минути по првиот, следеше и втор земјотрес со помала јачина, односно 4,3 степени.