Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун испрати порака до рускиот претседател Владимир Путин во која вели дека неговата земја е „брат по оружје“ со Русија.
Пораката на Ким е поради денешниот Национален ден на Русија.
Севернокорејскиот лидер истакна дека неговата средба со рускиот претседател на космодромот Восточни во регионот Амур во септември го подигнала нивото на нивната „вековна стратешка врска“. Тогаш Путин му ветил на Ким помош во производството на сателити.
Пјонгјанг и Москва се повеќе ги зајакнуваат дипломатските и воените односи.
Во последните месеци имаше размена на владини, парламентарни и други делегации меѓу двете земји.
Се очекува севернокорејските службеници за јавна безбедност да ја посетат Русија оваа недела.
Вашингтон и Сеул го обвинија Пјонгјанг дека и испраќа оружје на Русија за да и помогне во војната против Украина, a за возврат Северна Кореја добива од Москва технолошка помош за нејзините нуклеарни и ракетни програми.











