На два месеца пред крајот на првото полугодие, дел од шестодделенците сè уште се без учебници. Одговорност за доцнењето нема да има, ќе има оставка на директорот за Биро и развој на образованието доколку новата програма за седмо одделение не стигне до крајот на месец ноември најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
„Ако до крајот на месец ноември не бидат изработени, доставени и испечатени учебници за наредна година, навистина тогаш треба да има одговорност, заради тоа што имаме осум месеци за изработка, печатење, за корекција и ревизија за сите учебници“, вели Јетон Шаќири, министер за образование и наука.
Дел од училиштата иако ги добиле учебниците тие не им ги доставиле на учениците, велат информациите на министерот Шаќири, за кој тврди дека е една од причините зошто основците останале без учебници.
„Учебникот по природни науки, математика и македонски јазик, графичко технички и постапките за печатење се сите завршени и овие постапки треба да бидат завршени и доставени до основите училишта. Затоа дискусијата сега е само за едно одделение и дискусијата сега е во дел на училиштата“, вели Јетон Шаќири министер за образование и наука.
Претходно министерот Шаќири даде рок до почетокот на октомври да има целосна достава на сите учебници во училишта. Во меѓувреме се подготвува и првата тужба за министерството за образование и наука од страна на комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Минатата година дел од основците учебната година ја завршија без некои учебници, а министерот ветуваше дека такви проблеми оваа година нема да има.
Симона Петровска











