Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.
Шаленберг во интервју за МИА рече дека изминатите месеци е направен суштински прогрес и сега е моментот за преминување кон следната фаза во процесот за интегрирање во Европската Унија, нагласувајќи дека почетокот на преговорите со Македонија и Албанија е најгорливото прашање, кое ЕУ треба да го реши за да го врати својот кредибилитет.
Тој очекува во јуни да се тргне бугарското вето за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, а напомена и дека билатералните прашања треба темелно да се дискутираат и решаваат меѓу државите, но тоа треба да се направи на билатерално ниво и не треба да се влече на сцената на ЕУ.











