Со порака на Фејсбук, во која се заблагодарува за сите честитки за нејзиното назначување за заменик генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска истакнува дека пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност.
– Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција. Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво, напиша на Фејсбук Шекеринска.











