Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Шест лица загинаа, неколку се повредени во пожар во автобус во Швајцарија

/

пред 209 дена

Сподели преку :

Шест лица загинаа, а најмалку четворица се повредени во пожар во автобус што сообраќал на редовна линија во западна Швајцарија, соопшти полицијата синоќа, цитирана од ДПА.

Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата во кантонот Фрибург. Еден вработен во брзата помош е исто така повреден за време на спасувачките операции.

Несреќата се случила во општината Керцерс, западно од главниот град Берн.

„Можно е намерни дејствија да биле причина за оваа трагедија“, соопшти полицијата, додавајќи дека пламенот можеби бил намерно запален.

Запрашан да коментира дали може да станува збор за терористички чин, портпаролот на полицијата на прес-конференција посочи дека е прерано да се каже.

Швајцарскиот весник „Блик“ цитираше очевидец кој рекол дека еден човек истурил бензин во автобусот, а потоа се самозапалил. Полицијата соопшти дека била информирана за инцидентот, но додаде дека во овој момент не може да го потврди.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот, но автобусот беше целосно уништен.