Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени откако туристички автобус се преврти и излета од коловозната лента во областа Аксарај, во Турција.
На местото на несреќата распоредени се голем број возила на итната медицинска помош, полиција и пожарникари.
За сега не е позната прочината за инцидентот. Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека туристичкиот автобус се движел од Балукешир кон Кападокија.
„Во оваа сообраќајна несреќа за жал загинаа шест наши граѓани. Според првичните информации имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага“, додаде Кумбузоглу.











