Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест загинати и над 290 повредени во синоќешниот земјотрес во јужниот турски град Хатај

/

пред 1338 дена

Сподели преку :

Шест луѓе загинаа, а над 290 се повредени од кои 18 потешко во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што синоќа го погоди градот Хатај на југот на Турција.

Екипите за потрага и спасување, во текот на ноќта, спасија едно лице и извлекоа тела на уште три од под урнатините на зграда во Антакија.

Три минути по земјотресот со Хатај, бил регистриран уште еден, со јачина од 5,8 степени, со епицентар во округот Самандаг.