Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шестмина загинати и над 50 повредени во руски напад врз Киев

/

пред 444 дена

Сподели преку :

Русија во текот на ноќта изврши напад со ракети и дронови врз украинската престолнина Киев, при што загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и шестгодишно дете, соопштија украинските власти.

Повеќе од 50 лица се повредени, а градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека бројот на жртви може да расте.

Голем дел од деветкатна станбена зграда се урна по директен погодок, а спасувачките екипи трагаат по затрупани лица.

Нападот погодил најмалку 27 локации низ Киев, со најголема штета во општините Соломјански и Свјатошински, изјави Тимир Ткаченко од Градската воена администрација.

Mеѓувреме, по зголемениот притисок врз Кремљ, американскиot претседател Доналд Трамп најави нов рок – 8 август – до кога очекува напредок во мировните преговори, предупредувајќи дека во спротивно ќе следат санкции и царини кон Русија.

Западните лидери го обвинуваат Путин дека намерно ги одолговлекува мировните иницијативи во обид да освои нови територии.