Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска соопшти дека делумната мобилизација е завршена и дека се мобилизирани планираните 300.000 регрути.
„За време на делумната мобилизација, повеќе од 1.300 претставници на извршната власт од различни нивоа и над 27.000 претприемачи беа испратени во трупите. Тринаесет илјади граѓани, без да чекаат повици, изразија желба да ја исполнат својата должност и беа испратени во трупите како волонтери“, рече Шојгу.
Според рускиот министер, 82.000 регрути по обуката се веќе испратени во активните сили, а нивната просечна возраст е 35 години, додаде Шојгу.
На 21 септември Путин најави делумна мобилизација заради продолжување на, како што ја нарекува инвазијата, „специјалната воена операција“ во Украина.











