Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шолц и Макрон го поздравија уривањето на власта на Башар ал Асад

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече уривањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад „добра вест“ и повика на политичко решение за стабилизирање на Сирија.

Вицепремиерката на Обединетото Кралство, Ангела Рајнер ја поздрави веста дека паднал режимот на Асад.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција ќе остане посветена на безбедноста на сите на Блискиот Исток.

„Падна варварска држава. Конечно. Му оддавам почит на сирискиот народ, неговата храброст и трпение. Во овој момент на неизвесност, им посакувам мир, слобода и единство“, напиша Макрон во објава на социјалната мрежа „Икс“.