Германскиот канцелар Олаф Шолц најави темелна истрага за аудио снимка од наводни доверливи разговори меѓу воени офицери за украинската војна кои кружат на социјалните мрежи, поточно за евентуална испорака на ракети „Таурус“ со долг домет кои подолго време ги бараат украински власти.
Експерти кои ги консултираа германските медиуми сметаат дека објавена снимка е автентична. Портпаролот на германското министерство за одрбана, пак, за Франс прес потврди оти верува дека разговорот е „пресретнат“.
Шолц досега одбиваше испорака на такви ракети за Киев, стравувајќи дека тоа би можело да ја вовлече Германија во војната. „Таурус“ ракетите припаѓаат на „невидливата стелт технологија“ и може да гаѓаат цели на поголема оддалеченост од 500 километри.











