Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шпанија ги призна косовските пасоши, но не и независноста

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

Косовските патни исправи од почетокот на годината се признати и во Шпанија. Ваквиот чекор доаѓа согласно одлуката од 1 јануари да стапи на сила долгоочекуваната шема за визна либерализација на Европската унија (ЕУ), која им дозволува на косовските граѓани да патуваат без визи во безграничната зона на Европа.

Новиот режим им овозможува на косовските граѓани да влезат во Шенген зоната без визи за период до 90 дена во временска рамка од 180 дена.

Шпанија досега беше единствената членка на ЕУ која што не ја призна независноста на Косово и која одбиваше влез на сопствениците на косовски пасоши, дури и ако тие поседуваа Шенген виза.

„Шпанија сè уште не го признава суверенитетот или независноста на Косово, бидејќи ние не ги признаваме едностраните прогласи за независност“, порача министерот за надворешни работи, Европска Унија и за соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес во изјава за медиумите.