Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шпанија го раскина договорот за набавка на муниција од израелска компанија

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи на Шпанија денеска соопшти дека го раскинало договорот за набавка на муниција од израелската компанија „Гардијан“.

Министерството имало намера да купи повеќе од 15 милиони куршуми од девет милиметри од таа фирма, за шест милиони евра.

Мадрид одлучи да ја прекине продажбата на оружје на Израел во октомври минатата година, кога започна војната на Израел против палестинската организација Хамас во Појасот Газа.

Шпанската влада останува посветена да не му продава оружје на Израел. Иако во овој случај се работи за набавка на муниција, МВР покрена административна процедура за откажување на набавката, се вели во соопштението.

Констатирано е и дека израелските компании ќе бидат исклучени од сите тендери.

Шпанскиот премиер Педро Санчез пред две недели побара од членките на Европската унија да се прекине договорот за слободна трговија со Израел.