Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шпанскиот парламент гласаше против признавање на независноста на Косово

/

пред 847 дена

Сподели преку :

Шпанија останува една од петте земји членки на Европската унија (ЕУ) која не ја признава независноста на Косово. На денешната седница на долниот дом на шпанскиот парламент, 293 пратеници гласаа „против“ иницијативата за признавање на Косово, 25 беа „за“, а 27 „воздржани“.

Иницијативата ја достави пратеничката група на каталонската партија Јунтс, а ја поддржаа баскиските партии. Против се изјаснија пратениците на Народната партија, на партијата „Вокс“, како и на Социјалистичката партија на Галиција. Против гласаа и пратениците на владеачката Социјалистичка партија.