Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипјанец лажно се претставил како полицаец, украл полициско возило, па предизвикал сообраќајка

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Четирисет и шест годишен штипјанец е приведен по повеќе инциденти кои ги направил.

На  (09.03.2026) околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип, по низа инциденти што се случиле во градот.

Според информациите од полицијата, околу 08:00 часот, пред влез на средно училиште во Штип, лицето од М.А. одзел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, претставувајќи се лажно како полициски службеник и извршувајќи лажен претрес на возилото. Потоа се упатил кон населбата Ново Село.

За време на бегството, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода удривајќи во паркирано возило на ул. „Маршал Тито“, а потоа продолжил кон центарот на градот. Околу 08:45 часот на ул. „Сутјеска“ насилно одзел куче од жена која се движела со својот домашен миленик.

Полициските службеници брзо го лоцирале возилото, а лицето било лишено од слобода. При апсењето, еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Од полицијата информираат дека Б.Х.Ј. во текот на ноќта бил пријавен и во уште два настани – поради расправија со упатување навреди и за оштетување на банкомат на ул. „Сутјеска“.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.