Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипска апелација треба да одлучи по жалбите за притворите на екс градоначалниците на Кочани

/

пред 573 дена

Сподели преку :

Штипска апелација денеска треба да одлучува по однос на жалбите на обвинителството во однос на одлуката со која на екс градоначалниците на Кочани Ратко Димитровски и Николче Илијев мерката ефективен притвор им беше заменета со домашен притвор.

Според соопштението на Кочанскиот суд 22 ца од притворените се жалеле за притворот а за 19 мерката е потврдена.

Од кои причини одлучиле да го сменат притворот со поблага мерка за градоначалниците не добивме конкретен одговор затоа што решенијата не биле правосилни.

Меѓувреме на социјалните мрежи се објавуваат се повеќе видеа од кобната вечер на кои се гледа метеж и повици да се напушти објектот.

Од обвинителството информираа дека сите снимки поврзани со трагедијата од Кочани ќе бидат дел од доказниот материјал.