Што барале непрописно паркираните службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи, на полноќ и во близина на партискиот штаб на Вреди?
Од партијата резервирани во изјавите, а од владината Служба за општи и заеднички работи потврдуваат дека државните возила се на двајцата функционери, по фотографиите коишто ги објави веб-медиумот „360“.
Еден од лидерите на Вреди, Биљал Касами, вели дека неговите сопартијци можеби биле на средба како владини функционери, затоа што на евентуална партиска средба би бил присутен и самиот тој.











