Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Што велат Пентагон и Велика Британија за извештаите за хемиско оружје во Украина?

/

пред 1637 дена

Сподели преку :

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби ги коментираше извештаите за употреба на хемиско оружје во Мариупол.

„Свесни сме за извештаите од социјалните мрежи дека руските сили користеле хемиско оружје во Мариупол. Во моментов не можеме да ги потврдиме, продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата“, рече Кирби.

„Ако овие извештаи се точни, тоа е многу загрижувачки и го одразува она што го зборувавме за потенцијалот на Русија да користи различни агенти за контрола на толпата, што вклучува солзавец помешан со хемикалии“, рече Кирби.

Извештајот го коментираше и британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, која на Твитер напиша: „Ние работиме итно со нашите партнери за да ги потврдиме овие извештаи. Секоја употреба на такво оружје би значело бесчувствителна ескалација на конфликтот и дека Путин и неговиот режим се одговорни“.