Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Штрајкот на контрола на летање одложен, Бочварски гарант на постигнатиот договор

/

пред 1088 дена

Сподели преку :

По петчасовни преговори во министерството за Транспорт и врски доцна синоќа постигнат начелен договор меѓу синдикатот на контрола на летање и раководството на М-Нав.

За сега штрајкот се одложува и нема да има прекини во авиосообраќајот.

Од синдикатот велат дека постигнат е договор за прашањето што според нив е најважно во целата оваа ситуација, а тоа е ангажирање консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието.

Меѓу другото на средбата била постигната и согласност во следниот период да се работи на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието.

Министерството за Транспорт вети дека ќе стои како гарант за спроведување на барањата на Синдикатот.

Од синдикатот велат дека се задоволни од она што е постигнато на средбата како начелен договор но додаваат дека доколку и овој пат не се испочитува ветеното повторно ќе се активираат и повеќе нема да прават никакви отстапки.