Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шукова промовира проекти за еколошките системи за затоплување, а граѓаните на Тетово и оваа зима ќе се гушат во загаден воздух

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

И оваа зима ќе не гуши загадениот воздух, иако засега сончевото време го одложи почетокот на грејната сезона, сметаат дел од жителите на Тетово, градот кој секоја година е на листата на најзагадени. Со влошувањето на временските прилики ќе се зголемат концентрациите на штетните честички, на што дополнително ќе влијае начинот на греење, но и сообраќајот.

Граѓаните сметаат дека властите не преземаат доволно мерки со кои би се намалило аерозагадувањето.

  • „Како и секоја година катастрофа, ништо не очекувам подобро“.
  • „Повеќе луѓе со дрва се грејат, со ќумур и возухот се загадува, струјата е скапа“.
  • „На пример дома гори разни, даски некои, не чинат тие работи, пушта разни мириси“.
  • „Еве загадување има од автомобиливе, па Тетово нарочито – најмногу“, велат граѓаните.

Прават ли доволно локалните и централните власти?

  • „Не. Ништо. Во тој однос нула“.
  • „Нема, ништо не прават, не им е гајле“. Не, ништо“, велат граѓаните.

Од Министерството за животна средина, пак, велат дека вложуваат средства за таа намена. Овојпат Европската унија дава 10 милиони евра за проект, во кој со малку повеќе од половина од парите, во Тетово, Скопје, Битола и Куманово, како позагадени општини во државата, ќе се врши замена на нееколошките системи за затоплување во јавните објекти.

  • „Сѐ уште има јавни објекти во државата дали се државни или општински, не правам во моементов разлика. Повеќе се општински, зборуваме и за градинки и за училишта и за домови на култура и за здравствени институции. Години наназад инвестираме пари, заменети се многу системи. Ова ќе биде еден од проектите кој во наредните две години ќе треба да помогне во овие четири општини“ – Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.

Инаку во 2022 година во Тетово имало 108 денови со загаден воздух, односно, надминување на дозволената гранична вредност на ПМ10. Од почетокот на годинава заклучно со септември, 50 дена. Според светските здравствени стандарди, во една календарска година не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух.

Данијела Билбилоска