Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шведска презеде уште двајца повредени во пожарот во Кочани

/

пред 580 дена

Сподели преку :

Шведската Амбасада на својата Фејсбук страница објави дека во раните утрински часови уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болницата Каролинска во Шведска.

„Синоќа во 03:30 часот, летот за медицинска евакуација од тим од Универзитетската болница Каролинска полета од Скопје, носејќи уште двајца пациенти во Стокхолм на медицински третман. Шведска се солидаризира со Северна Македонија по трагичниот пожар викендов. Нашите мисли остануваат со сите погодени“, стои во објавата на Амбасадата на Шведска.

Во Шведска во моментов се наоѓаат четворица повредени во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 176 се повредени.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија објави телефонски броеви за контакт 24/7 во државите каде што има повредени македонски државјани. За Шведска дежурниот телефонски број е +46 701844605 и +46 768792019.