Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиднеј и Оукленд со спектакуларни огномети ја пречекаа 2026

/

пред 285 дена

Сподели преку :

Повеќе земји од јужниот пацифик веќе ја пречекаа 2026-та година.

Островската држава, Кирибати секогаш е прва која влегува во новата година, но многу поголемо внимание привлекуваат прославите кои се одржуваат во Нов Зеланд и Австралија.

Во Оукленд, повеќе илјади луѓе го следеа огнометот во урбаниот центар на Нов Зеланд.

Во текот на пет минути, небото над Оукленд го осветлија над 3500 илјади пиротехнички средства лансирани од различни катови на 240 метри високата зграда.

Традиционално, една од најспектакуларните прослави и пиротехнички шоуа кои се паметат и прераскажуваат се одржува во пристаништето во Сиднеј.

Повеќе десетици илјади луѓе во живо го следеа спектаклот а голем дел од нив уште во текот на минатата ноќ кампуваа на местото од каде мислеа дека ќе имаат најдобар поглед.

Сиднеј повторно не ги разочара. Десет минути бројни пиротехнички средства во различни бои, гласно детонираа над Сиднеј, воодушевувајќи ги присутните.