Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сијарто: Украина не исполни услови за статус кандидат за членство во ЕУ

/

пред 1060 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто нагласи оти Украина не исполнува услови за кандидатски статус за членство во Европската Унија, тврдејќи дека Киев ги крши правата на малцинствата, пренесува „Будапест пост“.

Европската комисија вчера предложи отворање на преговори за проширување на Унијата со Украина, со Молдавија и Грузија.

„Со оглед дека војната е во тек, јасно е во земјата не се почитуваат ниту слободата на медиуми, слободата на говор, а не се одржани ниту избори“, истакна шефот на унгарската дипломатија.

Сијарто нагласи дека е повеќе од јасно оти Украина нема да биде подготвена за членство во ЕУ додека не дојде до мировно решение.

„Украина со себе ќе донесе војна во Европската Унија, што ние очигледно не сакаме“, изјави Сијарто кој ја поздрави одлуката на ЕК за Грузија за која рече дека многу порано требала да добие препорака за почеток на преговори.