Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

/

пред 533 дена

Сподели преку :

Дваесет години маратон не се слави, тажната приказна не ја напишавме ние, туку некој друг е авторот на тажната приказна, вели македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ во контекст на евроинтеграциите на земјава.

„Мислам дека кога комесарката за проширување го употреби тоа, не го упогтреби за да ја квалификува Македонија, не да нè навреди“, рече Сиљановска Давкова.

И други земји, вели Сиљановска Давкова, имале пречка, но успеале да ја надминат.

„Ама вие кога нон-стоп се соочувате со пречки и кога некој верува дека пречките можат да се надминат со уставни измени, а Уставот е најинтерниот акт на една држава, закон над законите, општествена повелба, тогаш тоа е проблематично“, вели македонската претседателка.