Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска-Давкова: Велигден да донесе мудрост и солидарност

/

пред 184 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод католички Велигден упати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. Киро Стојанов и до сите католички верници, посакувајќи им здравје, радост, љубов и среќа за празничните денови.

Претседателката истакна дека Христовото воскресение преку два милениума ја влева надежта и вербата во доброто и дека Велигден како празник над празниците треба да донесе мир, духовност и мудрост во овие тешки времиња.

Сиљановска-Давкова подвлече дека Исус Христос нè учи на емпатија, солидарност и толеранција, нагласувајќи дека животот е посилен од смртта, а светлината од темнината, и дека празникот треба да поттикне општеството да чекори напред по Божјиот пат.