Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска и Радев разговараа за подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Претседателката, Гордана Сиљановска Давкова, и претседателот на Бугарија, Румен Радев, се сретнаа во Баку, Азербејџан, каде размениле мислења за унапредување на односите меѓу двете соседни земји.

Радев истакнал дека двете страни можат да постават „тон на соработка, разбирање и меѓусебно почитување“ и дека пријателските односи се од клучна важност за стабилноста на регионот.

Сиљановска се согласила со неговите ставови, изразувајќи уверување дека заедно можат да го подобрат дијалогот и соработката.

Тие го нагласиле значењето на културните врски помеѓу двата народи, поврзувајќи го успехот на македонските и бугарските оперски пејачи како пример за меѓусебно разбирање.

Сиљановска истакнала дека последната посета на Бугарија била успешна и дека слични иницијативи треба да има и во иднина.

Во контекст на продлабочување на билатералната соработка, Сиљановска му понудила на Радев официјална посета на Северна Македонија, истакнувајќи дека „вратите во Скопје се отворени“ и дека се надева на идни разговори кои ќе придонесат за зајакнување на односите меѓу двата народа.

Средбата се одржала на маргините на Самитот за климатски промени во Баку, каде учествуваат бројни светски лидери.