Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска: Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја и нашата, добива карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Природата на војната рапидно се менува, а галопирачката трка во вооружувањето диктира поголеми инвестиции во одбраната.  Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан, но и за ЕУ, оцени денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова. Во обраќањето на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 Август, што се одржа во штипската касарна „Јане Сандански“.

 

Според неа, важноста на самоодржливста никогаш не била поголема.

-Во ова невреме треба час поскоро да почнеме, како што и почнавме, стратешки да ги планираме стредствата и нивната употреба. Надлежните институции треба да размислуваат за долгорочни проекти кои ќе гарантираат самоодржливост и развој на одбраната не само во мирни услови, туку и во амбинет на воена закана и потенцијален конфликт, порача претседателката.

Како што напомена, преку три децении Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината.

-По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на мирот и одбраната, преку континуирана сестрана реформа, помош во справување со кризните и вонредните состојби, поддршка на цивилните институции во справување со елеменатарните непогоди како пожарите и поплавите. Тоа се уште го прави професионално, одговорно и пожртвувано, а доказ за ова е континуираното уживање највисока доверба кај народот, рече Сиљановска-Давкова во обраќањето.