Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силјановска Давкова – Поопасно од надворешните негирања е внатрешната негрижа за јазикот

/

пред 534 дена

Сподели преку :

Секој од нас во оваа свечена сала израснал со слободата да зборува и да твори на македонски јазик, слобода за каква што нашите предци можеле само да сонуваат. Сепак, денес, 80 години по кодификацијата, македонскиот јазик повторно се соочува со предизвици, забележа претседателката Силјановска Давкова. Во изминативе  триесетина години сведоци бевме на обиди за бришење на македонскиот јазик, рече Силјановска- Давкова.

  • „Но, многу поопасно од надворешните негирања претставува внатрешната негрижа за јазикот, што добива димензии на незапирлива епидемија. Сведоци сме за намалување на значењето на службената употреба на македонскиот јазик во државата. Во право беше Петре М. Андреевски кога предупреди дека „јазикот може да биде загрозен и од неговите говорители“, потенцирајќи дека независно дали тоа се прави од незнаење или од негрижа „предавството на јазикот е предавство и на сопствените родители и на сопствените деца“- Гордана Силјановска- Давкова, претседател на РС. Македонија.

Загрижувачки е фактот дека во изминативе 15 години дел од долгорочните проекти во Институтот за македонски јазик се завршени, додека дел се уште траат, но не се финансираат, смета Груевска Маџоска.

  • „Бидејќи некои важни нешта денес како да се подзаборавени, а македонскиот јазик е соочен со нови предизвици, апелирам што поскоро да се донесе Национална стратегија за македонскиот јазик  со што тој ќе продолжи да се надградува, ќе го зачува својот стаус, ќе ги следи новите барања на неговите говорители и повеќе ќе се афирмира во странство“- проф. д-р Симона Груевска -Маџоска, претседател на Советот за македонски јазик.

Во моментов е потребна јасна стратегија и соодветен пристап за да можеме во целост да говориме за грижата за македонскиот јазик. Кои се предизвиците со кои се соочувааат научниците денес:

Во ова време на брзи промени, грижата за македонскиот јазик станува чин на современ патриотизам, забележа министерот Љутков. Во таа насока Инспекторатот за правилна употреба на македонскиот јазик, додаде тој е институција создадена не да контролира, туку да повикува на почит, да укажува, да едуцира и да го потсетува општеството дека јазикот е нашето заедничко скапоцено богатство и наш врвен национален приоритет.

Нина Стефанова